среда, 16 октомври 2024

Средношколци нападнаа средношколци, повреден ученик на гимназијата „Никола Карев“

Вознемирени ученици и наставници, родители доаѓаат, се јавуваат по телефон. Полицијата алармирана и присутна. Тоа се случувало попладнево откако дошло до судир меѓу групи средношколци од средното школо ГУЦ „Здравко Цветковски“ и гимназијата „Никола Карев“ кои училишта практично, ги дели булеварот Партизански одреди во скопската општина Карпош. Еден ученик од „Никола Карев“ е повреден и наставниците го однеле во болницата „8 Септември“ за да му бидат санирани повредите. За случајот е информирана редакцијата на МКД.мк.

Објавено на

часот

Сподели

Од МВР за МКД.мк потврдуваат дека полицијата од СВР Скопје добила пријава за случајот и велат дека „17-годишник бил физички нападнат од неколку малолетници“.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, одговорија од МВР.

МКД.мк дознава дека ученикот бил удрен со назабена дрвена палка.

Според тоа што може да се дознае од наставниците, од тоа како им било пренесено, е дека ученици од ГУЦ ја испровоцирале тепачката допирајќи ученичка од „Никола Карев“, по што нејзини соученици се обиделе да ја заштитат.

Но, се чини дека тука не завршиле тензиите.

Учениците, родителите и наставиците беа вознемирени и исплашени за безбедноста на децата, особено затоа што разбрале дека се подготвува нова физичка пресметка. Голем број од учениците заминаа дома во придружба на родителите.

Полиција доцна попладнево и вечерва има на одделни автобуски станици.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ