Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја отвори новата канцеларија на управните служби на МВР, која ќе овозможи побрз пристап на граѓаните од липковско до услугите на МВР. Жителите на липковскиот регион на овој начин имаат побрз и поефикасен пристап до документите и услугите кои им се потребни, што како што посочија од министерството е определба на новото раководство на МВР.
„Денеска овде во Матејче, во липковско отвораме нова канцеларија на управните служби на МВР која ќе биде составен дел од полициското одделение. Овој тип проекти кои се дизајнирани да овозможат подобра услуга и позадоволни граѓани, да можат да ги добијат своите услуги во рамки на општината во која живеат. До денес граѓаните на Општина Липково ова право можеа да го остварат во рамки на Општина Куманово, а од денес ќе можат да си ги остварат своите права во рамки на својата општина, додека ќе дојде до намалување на метежот во општина Куманово“, изјави министерот Тошковски.
Оваа е втора канцеларија која е отворена за само неколку дена, претходната беше во Јегуновце и ќе овозможи пристап на над 25.000 граѓани од липковскиот регион побрзо вадење на личен документ и услуги кои ги нуди.
На денешниот настан присуствуваа и заменик министерот за внатрешни работи работи, Астрит Исени и градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи.