„Мислам дека тоа е поврзано со еден проект, за којшто велеа дека е деловна тајна, а ние велевме дека не е деловна тајна, а тоа е проектот за изградба на делниците 8 и 10 Д. Таму се фатени буквално во сериозен криминал и сега се трудат сето тоа како да го покријат и претпоставувам во ова брзање ќе донесат таков закон“, вели Мицкоски.
Ваков закон, дополни тој, нема така да помине, доколку не е злоупотребено европското знаменце.
„Ако го злоупотребат повторно европското знаменце, тогаш со промената следната влада има сериозна намера сето тоа да го корегира“, истакна Мицкоски по посетата на Општина Лозово во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“.