сабота, 16 ноември 2024
Реакција по вчерашната емисија на Канал 5

Висар Рамадани: По падот на режимот Мирчевски ништо не сменил, освен во џебот

„Иван Мирчевски, боите на телевизијата ги сменивте по падот на режимот, но менталитетот за жал не. Уште живеете во тоа време, кога со милионите евра, мои и пари на моите сограѓани, Груевски ви ја диктираше уредувачката политика, па прераснавте во медиум на тешка пропаганда која што се хранеше со антиалбанство, со галерии на посмртни фотографии на живи странски амбасадори, величење на антиквизацијата – просто кажано, станавте платеници на купената ‘вистина’ во која живеевме“, пишува Висар Рамадани, син на Исмет Рамадани, во обраќањето до Иван Мирчевски, директор на Канал 5, кој синоќа со вклучување во емисијата „Само вистина“ побара од Исмет Рамадани да го напушти студиото и нареди емисијата да биде прекината.

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќањето потоа Висар Рамадани вели:

„Во главата, и по седум години од падот на режимот, ништо не сте смениле, ама во џебовите, да. Денес во нашиот етер, а преку вашиот медиум, уште ечат изјави од типот „ќе ги згмечиме Албанците“, „што ќе ни се, нека одат во Албанија“, „Албанец не смее да води вакво или онакво министерство“, „не ни треба коридор 8 и коридор 10 ако за тоа одлучува Албанец“, „рацете на НАТО се полни со крв“, „не мора во ЕУ, ја имаме Русија на наша страна“, „ќе ги ревидираме и Охридскиот, и Преспанскиот и Добрососедскиот договор со Бугарија“, ама ова за вас не е ширење на дискриминаторска реторика против Албанците, не е руска пропаганда против евро-атлантските интеграции, не е сегрегација на различните во општеството. Кога ги слушате ваквите изјави, не само што не реагирате, не солите памет, ама убеден сум дека длабоко во себе си велите – фала Богу има кој да го каже тоа што вие го мислите, ама ете, не смеете да го кажете. Уште па се осмелувате јавно да кажувате дека во Македонија сите се Македонци, етничката припадност не ви била приоритет. Вие (а, кој сте вие?) се ставате и над Уставот и законите на нашата држава кои за среќа на посебноста на нашето општество, сигурно за жал за вас, ги негуваат токму тие посебности преку различните етнички и верски заедници како симбол на мултикултурализмот на оваа држава!

Епа, Иван – ако не денес, тогаш утре, ако не утре – некогаш, ќе морате да се соочите со една нова реалност, а тоа дека Албанецот во оваа држава може да биде и претседател на Собрание, и на чело на дипломатијата на државата, и чувар на касата на државата, и вице-премиер за економија, и директор на Фонд за иновации, и висок јавен обвинител, и висок судија, и помеѓу најцитираните универзитетски професори и научници во светот, и иноватор, и успешен бизнисмен, се што сака и умее да биде. Може да биде утре и претседател на државата, и премиер, и гувернер… можеше Турчин да биде претседател на Уставен суд, утре некој Бошњак ќе биде одличен министер, задутре некој Ром ќе биде успешен директор… што подолго ви трае пијанството од режимот, толку полошо за вас, за нас другите не. А кои сме ние другите? Ние што веруваме дека соживотот во оваа држава е најскапоцената вредност што ја имаме, што работиме секој во својата област за да имаме просперитетна, развиена и интегрирана земја, што и понатаму го живееме сонот дека и тука се може со борба и труд, што веруваме дека сите заслужуваат еднакви шанси и еднакви одговорности без разлика на тоа дали се Македонци, Албанци, Турци…, што безалтернативно припаѓаме на генерацијата која верува во НАТО и Европската Унија и во алијансата на најдемократските и најразвиените земји од светот.

Многу и така долго се мачите против оваа реалност, очи ви пече секој ден, залудно се надевате дека ќе се вратиме пред 2016 година, џабе ви е – можеби бавно напред, ама само напред, назад нема!

На крајот, вашипт испад на телевизијата против еден човек кој, кој еве, четврта декада од својот живот секој ден го вложува сиот свој потенцијал, искуство, знаење за соживотот, за интегративните процеси на нашата земја и за подобра иднина на идните генерации, зборува за тоа кој сте навистина вие и кои се таквите како вас – платениците кои најмногу ги боли кога пред камерите ќе им ја допреш жичката на болната вистина.

Исмет Рамадани за тебе е ниво, од тие недостижните, посакуваните, во некои убави млади години можеби и сонувани, ама за жал, не сите соништа се остваруваат, нели? Ние напред, Иван. Ти и таквите како тебе, во чекална, кај и да е, ќе дојде ред и вие да се качите на нашиот воз. Нашиот накај Брисел, другарче, не поминува покрај Москва. Биди во добро здравје, особено ментално, тешки последици остава режимот, те разбирам!

На крај, денешниот ваш испад на телевизија против еден човек кој еве, четврта декада од својот живот секој ден го вложува сиот свој потенцијал, искуство, знаење за соживотот, за интегративните процеси на нашата земја и за подобра иднина на идните генерации зборува за тоа кој навистина сте вие и таквите како вас – платениците кои најмногу ги боли кога на камери ќе им ја допреш одвнатре жичката на вистината. Исмет Рамадани за тебе е ниво, од тие недостижните, посакуваните, во некои убави млади години можеби и сонувани, ама за жал, не сите соништа се остваруваат, нели? Ние напред, Иван. Ти и таквите како тебе, во чекална, кај и да е, ќе дојде ред и вие да се качите на нашиот воз. Нашиот накај Брисел, другарче, не поминува покрај Москва. Биди во добро здравје, особено ментално, тешки последици остава режимот, те разбирам!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ