четврток, 5 декември 2024

Велика Британија ја зголемува хуманитарната помош за Газа

Британската влада ќе ја зголеми за 19 милиони фунти (околу 22,8 милиони евра) својата хуманитарна помош за Газа, каде ситуацијата е „катастрофална“, најави министерката за развој Анелиз Додс, која заминува во Каиро на конференција на оваа тема.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Израел мора да дејствува веднаш за да обезбеди непречен пристап на хуманитарната помош до Газа“, додаде Додс, додека меѓународните хуманитарни организации ги обвинуваат израелските власти дека спречуваат камиони со хуманитарна помош да влезат во доволен број на опколената палестинска територија.

Ова ново британско финансирање е поделено помеѓу 12 милиони фунти за Канцеларијата на ОН за хуманитарни прашања и Светската програма за храна и 7 милиони фунти за работата на Агенцијата за палестински бегалци на Обединетите нации, која во неделата објави дека ја прекинува испораката на помош за Појасот Газа од клучниот премин со Израел бидејќи испораката станала „невозможна“.

Велика Британија одвои вкупно 99 милиони фунти (120 милиони евра) оваа година за хуманитарна помош за окупираните палестински територии, објави владата.

Нападот на Хамас на израелска територија на 7 октомври 2023 година предизвика смрт на 1.207 луѓе, главно цивили, според извештајот на АФП заснован на официјални податоци, вклучително и убиени заложници или оние кои загинале во заробеништво.

Министерството за здравство на владата на Хамас за Газа во неделата го објави новиот број на загинати 44.429 лица на палестинска територија од почетокот на војната со Израел пред повеќе од една година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ