четврток, 5 декември 2024

Украински медиуми: Украински специјалци ги обучуваат сириските бунтовници како дел од војната против Русија

Офанзивата во сириската покраина Алепо, која почна на 27 ноември, ја предводи коалиција на исламистички терористички групи предводена од поранешниот огранок на Ал каеда Хајат Тахрир ал Шам, кој е поддржан од Турција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според извештаите на некои исламистички сајтови, терористичките групи базирани во регионот Идлиб, обединети од страна на Турската исламистичка партија (ТИП), минале оперативна обука под припадници на специјални едници на украинската воена разузнавачка служба ХУР. Тимот за обука се фокусирал на тактики развиени за време на конфликтот во Украина, вклучувајќи користење дронови, пишува Киев пост.

Групата Кимик на Хур е наводно одговорна за нападот на руската воена база во југоисточното предградие на Алепо на 15 септември, во кој наводно биле уништени руски дрнови и „камуфлирани импровизирани експлозивни направи“, кажал извор од украинската воена разузнавачка служба за Киев пост.

Истиот извор тврди дека украински специјалци им пружаат поддршка во актуелните напади на терористите, но таа информација не е независно потврдена.

„Ќе продолжиме да ги убиваме Русите каде било и насекаде до целосна победа на Украина“, кажа шефот на ХУР генерал-мајорот Кирил Буданов во мај 2023 година, по извештајот дека украински сили дејствуваат против руски платеници во странство.

Силите на сириската војска во првите денови без изненадени од брзината на терористичките напади. Исламистите брзо стигнаа до центарот на Алепо наидувајќи на слаб отпор, бидејќи сириските и руските сили „тактички се повлекле во подготовка на контраофанзива“.

Ројтерс во саботата доцна вечерта извести дека Русија префрла дополнителна воена опрема, вклучувајќи авиони Су-34, во Сирија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ