недела, 7 јули 2024

УЈП објави повик за рана пријава за плаќање и поврат на ДДВ

Од Управата за јавни приходи денеска соопштија дека даночните обврзници до 25 јули ќе можат да го доставуваат образецот ДДВ – 04, а со тоа да ги искористат бенефитите од раното поднесување на пријавата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ве повикуваме, да ги искористите бенефитите од раното поднесување на ДДВ – 04 пријавата, дознајте порано дали вашата пријава е примена, и обработена без грешки. Навремено испланирајте го Вашиот буџет за исполнување на даночните обврски. Добијте го порано бараниот ДДВ. Рокот од 30 дена за враќање на ДДВ почнува да тече од денот кога сте го доставиле образецот со искажаното барање за враќање. Избегнете го стресот од пријавување и плаќање на обврската за ДДВ во последен момент. Спокојно користете го месецот на годишни одмори“, апелираат од УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ