Натпреварот беше прекинат во самиот финиш кога фудбалерите на Косово решија да го напуштат мечот поради скандирањето на романските фанови: „Србија, Србија“.
„По натпреварот од Лигата на нации меѓу Романија и Косово се отворени процедури. Започнати се дисциплински постапки против Фудбалските федерации на Романија и Косово согласно со член 55 од дисциплинската регулатива на УЕФА“, стои во соопштението на УЕФА.
Се очекува Романија со службени 3-0 да го добие мечот, но казни ќе добијат и двете федерации.