недела, 16 јуни 2024
Според руските медиуми

Уапсени четворица директни учесници во нападот во Москва, над 93 мртви

Четири лица директно вклучени во нападот на концертната сала во Москва се меѓу 11-те приведени, му рекол шефот на руската безбедност на претседателот Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Четири лица вмешани во нападот во концертната сала во Москва се меѓу 11-те приведени, му рекол шефот на Службата за безбедност ФСБ, Александар Бортников, на претседателот Владимир Путин, пренесе РИА новости.

Меѓу уапсените се „сите четири терористи директни учесници“ во нападот, му рекол Бортников на шефот на државата.

Бројот на убиените во синоќешниот напад во преполната концертна сала во предградието на Москва се искачи на најмалку 93, а бројот се очекува да се зголеми, соопшти рускиот Истражен комитет.

Повеќе од 100 други се ранети во Крокус сити хол, според Федералната служба за безбедност ФСБ.

САД велат дека е веродостојно дека разгранок на групата Исламска држава може да стои зад нападот, откако групата рече дека го направила тоа. Русија засега не коментира.

Драматичните видеа ги покажуваат испаничените посетители на концертот како се кријат додека одекнуваат истрели и експлозии.

Белата куќа соопшти дека работи на откривање повеќе информации за ситуацијата, а Украина негираше каква било вмешаност во нападот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ