недела, 21 јули 2024

Руски авион накратко го наруши воздушниот простор на Шведска, соопшти шведската војска

Руски воен авион во петокот накратко го нарушил шведскиот воздушен простор источно од балтичкиот остров Готланд и бил пресретнат од шведски борбени авиони, соопшти денеска шведската војска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека рускиот воен авион СУ-24 во петокот прво бил предупреден дека навлегол во шведскиот воздушен простор, но не реагирал, по што бил пресретнат од два шведски ловци Грипен.

„Руските дејствија се неприфатливи и претставуваат кршење на нашиот територијален интегритет“, изјави началникот на шведските воздухопловни сили Јонас Викман, пренесе Ројтерс.

Финската гранична стража во петокот соопшти дека се сомнева дека четири руски воени авиони го нарушиле нејзиниот воздушен простор во понеделникот.

Финското Министерство за одбрана претходно во понеделникот објави дека се сомнева дека руски воен авион тој ден го нарушил воздушниот простор на Финска околу две минути.

„Како што истрагата напредува, стана очигледно дека има причина да се сомневаме дека уште три авиони го нарушиле (финскиот воздушен простор)“, соопшти денеска граничната полиција.

Во соопштението се наведува дека постои можност да се работи за два бомбардери и два борбени авиони.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ