За портретот од кој очигледно е многу задоволен Џафери, се погрижил уметник кому техничкиот премиер кој оваа функција ја презеде кон крајот на јануари, му е многу благодарен.
„Благодарам Едмонд Драми за маестралното сликање на мојот премиерски портрет. Ти посакувам понатамошни успеси во уметничкото патешествие!“, напиша Џафери на фејсбук, а објавата ја проследи со низа фотографии, од кои одбравме две.
Џафери наскоро заминува во опозиција, а крај неговиот портрет, по извесно време извесно е дека ќе стои портртет на Христијан Мицкоски.