понеделник, 22 јули 2024

Мелони за Путиновите предлози за мир во Украина рече дека се пропаганда

Италијанската премиерка Џорџа Мелони ги отфрли предлозите на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори со Украина како „пропаганда“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Не изгледа особено ефикасно, како преговарачки предлог, да ѝ се каже на Украина дека треба да се повлече од Украина“, иронично рече Мелони на последната прес-конференција по самитот на Г7 што се одржа во јужна Италија.

Таа додаде дека овој предлог повеќе наликува на „пропагандна иницијатива“.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно денеска изјави дека ја осудува „желбата на Путин да диктира мир во Украина.

Путин вчера изјави дека ќе преговара со Украина во случај на повлекување на украинските сили од четирите региони за кои тврди дека се руска територија (Доњецк, Луганск, Херсон, Запорожје) и кога Киев ќе се откаже од влезот во НАТО.

Путин ова го изјави во пресрет на денешниот самит за мир во Украина, кој се одржува во Швајцарија, без учество на Русија.

Неделава Киев ја спомена и можноста за друг самит со учество на руска делегација, на кој би добиле „заеднички план“ поднесен од учесниците на оваа конференција, според изјавите на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ