четврток, 25 јули 2024

Демонстрации против екстремната десница во Франција пред предвремените избори (ВИДЕО)

Антирасистичките групи им се приклучија на француските синдикати и на новата левичарска коалиција во денешните протести во Париз и ширум Франција против растечката националистичка екстремна десница, додека започнува забрзана кампања за предвремени парламентарни избори. Нивните имиња се објавени и на фејсбук-профилите на членови на оваа партија која е дел од коалицијата Вреди.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во Париз, оние кои се плашат дека резултатот на изборите ќе биде прва француска екстремно десничарска влада по Втората светска војна, се собраа на Плоштадот на Републиката пред да започнат со прошетка низ градот.

Голем број луѓе излегоа и покрај дождливото и ветровито време, носејќи плакати на кои пишуваше „Слобода за сите, еднаквост за светот и братство за сите“, повикувајќи се на француското национално мото. На плакатите пишуваше „Да ги избришеме границите, документи за сите, не на законот за имиграција“.

Некои скандираа „Слобода за Палестина, да живее Палестина!“ и носеа палестински шамии.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 21.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени на протестите ширум земјата, а властите очекуваат меѓу 300.000 и 500.000 демонстранти во земјата.

Во Ница на францускиот брег, демонстрантите поминаа по авенијата Жан Мадсен, главната шопинг улица во градот, скандирајќи против Националното собрание, лидерот на таа крајно десничарска партија Жордан Бардел, како и против францускиот претседател Емануел Макрон.

Организаторите на протестот соопштија дека учествувале околу 3.000 луѓе, додека полицијата проценила дека има околу 2.500.

Ница е традиционално конзервативно упориште, но во последните десет години цврсто се сврте кон Националното собрание на Марин Ле Пен и нејзиниот екстремно десничарски ривал Ерик Земур.

Демонстрантите се собираат секој ден во Франција откако антиимиграциската партија Национално собрание на Марин Ле Пен постигна убедлива победа на европските парламентарни избори во неделата, далеку пред умерената бизнис ориентирана коалиција на претседателот Емануел Макрон, што го натера веднаш да го распушти парламентот и да распише предвремени избори, во два круга, на 30 јуни и 7 јули.

„Ни треба демократско и социјално зајакнување или екстремната десница ќе ја преземе власта. Нашата република и нашата демократија се во опасност“, се огласија во вчерашното соопштение на француските синдикати.

Тие истакнаа дека во Европа и ширум светот, екстремно десничарските лидери донеле закони штетни за жените, ЛГБТК+ заедницата и луѓето од другите раси.

Со цел да се спречи победата на Националното собрание на претстојните избори, левичарските партии вчера конечно се договорија да ги остават настрана разликите околу војните во Газа и Украина и да формираат коалиција. Тие ги повикаа француските граѓани да ја победат екстремната десница.

Француските анкети покажуваат дека ксенофобичната и евроскептична партија Национално собрание ќе биде во предност во првиот круг од парламентарните избори. Таа партија беше прва на европските избори кога освои повеќе од 30 отсто од гласовите во Франција, речиси двојно повеќе од партијата Преродба на Макрон.

Мандатот на Макрон трае уште три години и тој ќе ја задржи контролата врз надворешните работи и одбраната без оглед на исходот од француските парламентарни избори.

Но, неговото претседателствување ќе биде ослабено ако победи партијата Национално собрание, отворајќи го патот за нејзиниот 28-годишен лидер Жордан Бардел да биде следниот премиер со овластувања за домашните и економските прашања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ