понеделник, 25 ноември 2024

Турски државјанин приведен на ГП Богородица за шверц на мигранти

На 25.11.2024 во 4 часот кај с.Богородица, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода Т.Н.Ј. од Република Турција.

Објавено на

часот

Сподели

При преглед во возилото „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 15 лица мигранти, од кои шест малолетници. Мигрантите биле сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија, а лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ