Брод за разонода се судрил со реморкер рано наутро, јавува Кјодо њуз.
Капетанот на реморкерот испратил итен повик во 5:45 часот по локално време, соопшти локалната пожарникарска служба и додаде дека четири лица се извлечени од бродот, но двајца мажи и жена загинале, а четврто лице добило полесни повреди.
Бродот за разонода потонал по судирот со 16 метри долгиот реморкер кај покраината Јамагучи.
Денес наутро за оваа префектура било издадено соопштение за густа магла, објави новинската агенција.