Освен фактот што е прилично бизарно претседател на една држава да објавува фотомонтажа од себе со знаме на друга држава, постот на Трамп доаѓа во интересен момент.
Како што вчера објави Фокс њуз, Трамп му предложил на канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела, ако поради царините со кои Трамп се заканува за неисполнување на трговските и емиграциските прашања би била уништена економијата на соседна Канада, тогаш можеби Канада би требало да стане 51-ва американска сојузна држава.