вторник, 2 јули 2024

Трамп: Кина и Русија нема да бидат американски непријатели ако САД имаат паметен претседател

Претседателскиот кандидат на републиканците Доналд Трамп кажа дека, ако Соединетите Американски Држави имаат „паметен претседател“, земјите како Русија, Кина и Северна Кореја ќе престанат да бидат непријатели на САД.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи пред поддржувачите на предизборен митинг во Вирџинија, Трамп кажа дека тие земји не го почитуваат актуелниот американски претседател Џо Бајден.

„Имаме надворешни непријатели – Кина, Русија, Северна Кореја. Но тие всушност не се непријатели ако имате паметен претседател. Тие не се непријатели, направете ги значајни“, кажа Трамп.

Тој повтори дека ќе може да ја реши војната во Украина по победата на изборите и дека тоа ќе го направи пред да влезе во Белата куќа, но пак не кажа како.

Трамп за време на дебатата во четвртокот кажа дека условите кои ги изнесе рускиот претседател Владимир Путин, како услов за прекин на конфликтот во Украина, се неприфатливи.

Штабот на Трамп соопшти дека приоритет на неговиот потенцијален втор мандат е што побрзо завршување на конфликтот во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ