четврток, 28 ноември 2024

Тошковски наредил внатрешна контрола да испита како постапила полицијата во случаите со убиствата на Вања и Панче

Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа за ТВ 24 изјави дека отако станал министер дал наредба да се истражи дали полицијата постапувала согласно полициските процедури и стандарди или не во случаите со киднапирањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе треба малку време да се истражат овие процеси“ рече тој.

На прашање на новинарот дали има сознанија дека полицијата лошо постапила, тој одговори дека има сомнежи и тоа откако е дојден како министер и за истите дал насоки да се истражат.

„Не би сакал во јавноста да давам изјави за кои се уште немам основано сомнение. Можеби и нема да биде така. Ако сè било во ред, да го затвориме тоа сомневање, кој што не го имам само јас, туку и други луѓе внатре во министерството“, рече Тошковски.

Медиумите во врска со овој случај пишуваа дека полицијата не постапила соодветно по киднапирањето на Жежовски и пријавата дека го нема и неговото возило, истото возило со кое неколку дена подоцна 14-годишното девојче беше однесено од центарот на Скопје до атарот на селото Бразда каде што било убиено. И покрај пријавата на велешката полиција, за ова возило немало никаква полициска наредба за потрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ