среда, 4 декември 2024

Трамп: Имав прекрасен разговор со мексиканската претседателка, ќе ги запреме мигрантите

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Мексико ќе го запре протокот на мигранти по разговорите со мексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум и по неговите закани дека ќе воведе царини за земјата на почетокот од оваа недела.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Само што имав прекрасен разговор со новата претседателка на Мексико, Клаудија Шејнбаум. Таа се согласи да ја запре миграцијата преку Мексико во Соединетите Држави, ефикасно затворајќи ја нашата јужна граница“, напиша Трамп на својата платформа Трут соушл.

Тој го опиша разговорот со Шејнбаум како продуктивен. „Разговаравме и што може да се направи за да се запре масовниот прилив на дрога во САД, како и потрошувачката на тие дроги во САД“, рече Трамп.

Тој додаде: „Мексико ќе ги спречи луѓето да доаѓаат на нашата јужна граница“.

Долгорочно гледано, ова ќе оди во насока на запирање на илегалната инвазија на САД, рече тој.

Трамп во понеделникот вети дека ќе воведе царини за Канада, Мексико и Кина преку извршни наредби што планира да ги потпише на својот прв ден на функцијата како одмазда за, како што вели, нивната вмешаност во протокот на смртоносниот фентанил и мигранти во Соединетите Држави.

Мексиканската претседателка потврди дека разговарала со Трамп, велејќи дека му ја објаснила сеопфатната стратегија што Мексико ја води за да го реши проблемот со миграцијата со почитување на човековите права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ