среда, 11 декември 2024

Путин се заканува дека ќе ги гаѓа „центрите за носење одлуки во Киев“ со новата ракета

Претседателот Владимир Путин се пофали дека Русија произведува десет пати повеќе ракети од сите земји на НАТО заедно и се закани со напад на „центрите за носење одлуки во Киев“ со помош на новиот ракетен систем за среден дострел „орешник“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи на самитот на Организацијата на договорот за колективна безбедност во Астана, Путин ги истакна способностите на ракетата „орешник“.

Тој изјави дека Русија била принудена да ја распореди оваа нова ракета „како одговор на постапките на непријателите“, алудирајќи на користењето американски и британски ракети на руска територија, и дека „не постојат аналогни ракети како „орешник“ во светот“. Тој додаде дека западни верзии на ваквите ракети нема да бидат достапни во скоро време.

Рускиот лидер истакна дека, во случај на масовна употреба на ракетата „орешник“, силата на ударот ќе биде споредлива со нуклеарно оружје.

Тој предупреди и дека центрите за носење одлуки во Киев би можеле да станат мети на овој ракетен систем, потсетувајќи дека Украина изврши повеќе напади на Москва и Санкт Петербург. На почетокот на месецот, Украина го изврши најголемиот напад со дронови на Москва до сега.

Извори од Вашингтон и Лондон минатата недела за Гардијан изјавија дека ракетата „орешник“, испукана на Дњепар, е експериментална ракета со среден дострел способна за носење нуклеарна боева глава. Теоретскиот дострел на ракетата изнесува под 5.500 километри, што е доволно да се стигне до Европа од позиции во југозападна Русија, но не и до Соединетите Американски Држави.

Руската новинска агенција ТАСС јави дека Путин во Казахстан изјави дека би можеле да се појават и други нови ракетни системи, и дека Русија ќе продолжи со борбените тестирања на ракетата „орешник“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ