среда, 4 декември 2024

Општина Центар даде по 7.000 денари за 100 семејства со бебиња

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им врачил решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош што редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари.

Објавено на

часот

Сподели

Герасимовски потенцирал дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата.

„Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме многу во нивниот раст и развој. Посветуваме посебно внимание во нивен квалитетен развој, но и во поминување на нивните школски денови. Ги подобруваме условите со цел да им овозможиме достоинствен престој во градинките и во основните училишта. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании за соработката. Радувајте се секојдневно на вашите најмали, затоа што тие се и нашата светла иднина“, рекол Герасимовски, соопштија денеска од Општина Центар.

Покрај финансиските средства, новите родители добија и пакет педијатриски производи и услуги од општествено одговорните компании Жан Митрев, Молерс, Веледа, Хип, Европа лек фарма и Би-МЕК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ