среда, 4 декември 2024

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Французите сакаат да падне владата

Околу 53 отсто од Французите сакаат да падне владата на премиерот Мишел Барние, незадоволни од неговиот предложен буџет, според анкетата на Ифоп-Фидусиал за Суд Радио објавена денеска.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Анкетата покажа дека 67 отсто од испитаниците се против буџетот на Барние, кој има за цел да го намали растечкиот јавен дефицит на Франција со зголемување на даноците и намалување на трошоците, додека 33 отсто го поддржуваат.

Владата на Барние би можела да падне пред Божиќ, а можеби дури и до следната недела, доколку екстремно десничарските и левичарските непријатели изнудат гласање за доверба во кое тој најверојатно ќе изгуби, според десетина извори од политичкиот спектар.

Резултатите од анкетата на Ифоп-Фидусиал се засноваат на анкета на 1006 луѓе спроведена на 26 и 27 ноември.

Во анкетата на Елабе за БФМ ТВ во средата, 63 отсто од испитаниците рекоа дека претседателот Емануел Макрон треба да поднесе оставка доколку владата на Барние падне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ