понеделник, 9 декември 2024

Драги Михајловски со нов препев на Руми во издание на „Три“

Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 19:19 часот ќе се одржи промоција на последниот објавен книжевен препев на Драги Михајловски – најновото еднотомно издание на книжарница „Три“ од поезијата на Руми, „Големата црвена книга“.

 

Објавено на

часот

Сподели

Џелаледин Мевљана Руми е еден од најголемите, најчитаните и најтолкуваните поети во светот. Неговите стихови претставуваат непроценливо светско наследство и досега се препеани од повеќе македонски преведувачи и поети.

Модераторка на настанот е авторката Виолета Танчева-Златева, а за изданието и за преводната работа на Драги Михајловски ќе зборуваат авторките и преведувачки Ана Пејчинова и Ирена Јурчева.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ