петок, 13 декември 2024

Претседателот на СДСМ, Филипче реагира за „партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите“

Претседателот на СДСМ реагира на последните одлуки на Владата и„ бруталната партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите“ и најавува дека СДСМ ќе се спротистави, ќе преземе мерки за заштита на граѓаните и институциите од партиската хегемонија, се вели во соопштение на Центар за комуникации со јавноста на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„ Како претседател на СДСМ, чувствувам должност да предупредам за сериозната опасност која ја носат последните одлуки на Владата на Мицкоски. Само пред еден ден, слушнавме големи зборови за деполитизација и департизација на институциите, а денес гледаме целосно спротивно – брутална партизација на Советот за граѓански надзор на комуникациите. Ова тело, кое треба да биде столб на независност и заштита на правата на граѓаните, сега се претвара во алатка за партиска контрола и злоупотреба.

Ваквата лицемерност на Владата е опасна за демократијата и ја враќа земјата назад во мрачните времиња на режимскиот систем, кога безбедносните структури беа под целосна партиска контрола, а правата на граѓаните беа системски кршени. Мицкоски не само што ги изневерува своите ветувања, туку и директно ги загрозува темелите на демократскиот поредок.

СДСМ нема да остане нем набљудувач. Ќе ја информираме меѓународната заедница за оваа скандалозна партизација и ќе преземеме се што е неопходно за да ги заштитиме граѓаните и институциите од оваа партиски брутален напад. Македонија заслужува независни и професионални тела, а не репродукција на режимски практики“, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ