понеделник, 25 ноември 2024

Toшковски го врати „техничкиот“ началник на чело на СВР Велес

Бране Паласков со решение на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е назначен за началник на СВР Велес, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Паласков во времето на техничката влада ја извршуваше функцијата началник.

Објавено на

часот

Сподели

Паласков ќе раководи со целото подрачје на СВР Велес, општините Велес, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Градско и Чашка.

Паласков е дипломиран економист кој во својата 10-годишна кариера како полициски службеник има работено на неколку позиции во СВР Велес – како помлад инспектор во отсек за општ криминал, виш инспектор во отсек на општ криминал, виш инспектор во надворешна канцеларија за криминaлистички работи во Свети Николе, како и виш инспектор – главен дежурен во центар за известување и командување при СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ