четврток, 4 јули 2024

Таравари на Ахмети му порача да одмори и да се консолидира како опозиционер

По повеќе од 20 години на власт, Али Ахмети треба да се одмори и потоа да се консолидира како опозиционер, му порача министерот за здравство Арбен Таравари на лидерот на ДУИ.

Објавено на

часот

Сподели

„Господинот Али Ахмети вчера кажал дека ние од Вреди имаме голем апетит за да бидеме во власта. Јас би му кажал на Ахмети дека тој е возрасен човек, според мене е и сериозен човек, политичар кој е 22-23 години на власт. Сега му е потребен одмор. Му посакувам здравје, пред сѐ, а потоа и конструктивност како опозиционер. Се надевам дека овој период ќе се обиде да ја консолидира партијата, да расчисти со  одредени ‘кородирани’ кадри. Да се биде толку години на власт, а кадрите да се вртат од една во друга институција, навистина е сосема доволно“, реча Таравари.

Како ќе стојат работите со партиските рејтинзи, додаде Таравари, првиот тест ќе биде идната, 2025 година.

„Тогаш ќе маме локални избори, така што, нема друго што да кажам освен да му посакам убаво и мирно опозиционерство“, рече Таравари одговорајќи на новинарско прашање.

Инаку, вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети повторно изјави дека владата на Мицкоски, поради коалицирањето со Вреди, нема етнчки легитимитет.

„Ставот на ВМРО, нивниот легитимитет, не го оспоруваме. Ние го оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука во насока на непочитување на легитимитетот кој е постигнат од страна на ДУИ и Европскиот фронт. Оваа Влада нема легитимитет, нема етнички легитимитет. Ние ќе ја направиме нашата работа за да објасниме пред јавноста и македонската и албанската, дека оваа држава има иднина и перспектива само почитувајќи ги слободниот глас, легитимноста и дека ние сме победиле на овие избори“, рече Ахмети.

На оваа изјава на Ахмети денеска реагираше и премиерот Христијан Мицкоски наведувајќи дека лидерот на ДУИ врши поделба на Албанцте на „подобни и неподобни“ и дека навлегува во унитарниот карактер на државата што е спротивно на Уставот  законите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ