недела, 14 јули 2024

Стопанска комора – бизнис дружење со членките

Стопанската комора на Македонија, организираше бизнис дружење со членките, со цел преку неформална средба, да се разменат искуства, дилеми, предизвици со кои се соочуваат компаниите.

Објавено на

часот

Сподели

Амбиентот во комплексот Белви Скопје, во пријатна атмосфера, беше место  каде претставници на повеќе од 50 најголеми, најуспешни и најлојални членки на Комората, дел од членките на Управниот и Надзорниот одбор на Комората, Советот на странски инвеститори, и вработените во Комората имаа можност за бизнис и неформално дружење кое излегува од деловната форма која често ја гледаме во просториите на Стопанската комора.

Настанот беше беспрекорен и во рамките на нашите можности. Но очигледно и интересен за членките бидејќи останаа до крај. Забавниот дел им беше доверен на музичката група Фрајле и на Ѓоко Танески за кои сите присутни дадоа највисоки оценки.

Во групата успешни компании членки, секогаш има најуспешни и токму на таквите ние им одадовме посебна благодарност подарувајќи им на трите први по една уметничка слика од нашите вработени, кои се занимаваат со сликарство во слободно време. Уметнички слики беа подарени на РЕК Битола, ЕВН Македонија и Македонски телеком.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ