„Ужасна вест, како секоја вест од војни, доаѓа од Газа. Се известува дека е бомбардирана болница и досега има најмалку 500 мртви … Ова лудило мора да заврши! Војната не е решение“, изјави Таравари.
Инаку, денеска, по вестите за огромен број на цивилни жртви во Појасот Газа со реакции и осуда за насилствата и гинењето на цивили се огласија Исламската верска заедница, министерот и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, Алтернатива и Беса.