четврток, 5 декември 2024

Такер Карлсон повторно во Москва, го интервјуираше Лавров: „Ние сме во жешка војна со Русија“ (ВИДЕО)

Такер Карлсон повторно е во Москва. Конзервативниот американски коментатор и поранешен водител на Фокс њуз доцна синоќа на Икс објави дека се вратил во Русија за да го интервјуира министерот за надворешни работи на земјата, Сергеј Лавров.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Се вративме во Москва за да го интервјуираме рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, министерот за надворешни работи со најдолг стаж во светот“, рече Карлсон, додавајќи дека интервјуто ќе го објави „наскоро“. Во февруари оваа година тој го интервјуираше рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.

Сега тој вели дека ќе разговара со рускиот министер за надворешни работи за да ја расветли „руската перспектива“ за тековната војна со Украина. Русија во февруари 2022 година започна инвазија на соседна Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека интервјуто било „обемно“ и траело „час и половина“, опфаќало теми од „модерната, понова историја на тешките односи со САД, влијанието на сето ова врз светската геополитика и идната состојба на работите“.

Карлсон го критикуваше начинот на кој администрацијата на Бајден се справува со Москва во војната, тврдејќи дека тоа „ги довело САД сè поблиску до нуклеарен конфликт со Русија“. „Ние, без знаењето на повеќето Американци, сме во жешка војна со Русија“, рече тој.

Тој го критикуваше американскиот претседател во заминување Џо Бајден за неговата неодамнешна одлука да ѝ дозволи на Украина да користи оружје од американско производство за напади на руска територија, тврдејќи дека тоа ги става САД „поблиску до нуклеарна војна отколку во кое било време во историјата“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ