„Ќе бараме железните безбедносни гаранции да станат дел од овој договор. Една од овие гаранции е неутралниот статус на Украина, односно одбивањето на земјите од НАТО да ја примат Украина во алијансата“, рече Грушко.
Заменик-шефот на руската дипломатија го повтори ставот на Кремљ дека се противи дури и на пристигнувањето војници од земјите-членки на НАТО во Украина како дел од меѓународните мировни сили, откако Франција и Велика Британија изразија подготвеност да испратат свои војници во мировна мисија која ќе го надгледува прекинот на огнот.
„Не е важно под која ознака силите на НАТО пристигнуваат во Украина: било да е тоа Европската унија, НАТО или национален капацитет. Доколку се појават таму, тоа ќе значи дека се распоредени во зоната на конфликтот со сите последици за тие контингенти како страна во конфликтот“, рече Грушко.
„За распоредување невооружени набљудувачи, цивилна мисија која ќе го надгледува спроведувањето на одредени аспекти од договорот или механизмите за гаранција можеме да разговараме само откако ќе се постигне договор. Дотогаш, тоа е само воздух“, рече тој.