Судот му даде на Трамп значаен дел од она што го сакаше: ја ограничи способноста на обвинителите да бараат национални наредби кои привремено ја спречуваат владата да спроведува политики, пренесува Си-ен-ен.
Овие судски наредби се во центарот на повеќемесечната битка на претседателот со федералните судови околу неговите обиди еднострано да ја редефинира имиграциската политика на земјата, да ги намали владините трошоци и да преземе независни агенции.
Во таа смисла, оваа одлука претставува значајна победа за Трамп во Врховниот суд и би можела да има трајни импликации не само за остатокот од неговата администрација, туку и за идните претседатели од двете партии.
Трамп ја нарече одлуката на Врховниот суд за ограничување на националните забрани „огромна победа“.
„Огромна победа во Врховниот суд на Соединетите Американски Држави. Дури и измамата со правото на државјанство по раѓање е силно погодена, индиректно“, објави Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.
Тој им упати честитки на главната обвинителка Пам Бонди, на главниот обвинител Џон Сауер и на целото Министерство за правда.
Американскиот државен обвинител Пем Бонди реагираше на судската одлука со која се поддржува напорот на Доналд Трамп да ги ограничи пониските судски наредби кои со месеци ја попречуваа неговата агенда.
„Денес, Врховниот суд им наложи на окружните судови да ја прекинат бескрајната серија на генерални забрани против претседателот Трамп. Ова не би било можно без неуморната работа на нашите исклучителни адвокати во Министерството за правда и нашиот државен обвинител Џон Зауер“, напиша Бонди на платформата Икс.
Министерството за правда, како што е наведено, ќе продолжи ревносно да ги брани политиките на претседателот на САД и неговиот авторитет да ги спроведува.