петок, 15 ноември 2024

Судири на полицијата и стотина демонстранти во грузискиот регион Абхазија (ВИДЕО)

Пред парламентот во Абхазија, отцепениот регион на Грузија, денес избија судири на полицијата и стотина демонстранти, противници на договорот со Москва за кој тврдат дека ќе им даде повластен третман на руските инвеститори, ќе ги крене цените на становите и ќе поттикне доминација на Русија во регионот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Локалните служби за вонредни ситуации објавија дека две лица се повредени во судири пред парламентот во Сухуми, главниот град на Абхазија, пренесува руската државна агенција РИА Новости.

Демонстрантите се собрале пред парламентот поради разгледувањето на ратификацијата на договорот со Москва. Тој договор би им овозможил на Русите да купуваат станови во Абхазија, чии планини и црноморски плажи се популарни меѓу руските туристи.

Седницата на парламентот е одложена, но демонстрантите ја пробиле оградата која го опкружува парламентот со камион. Полицијата ги спречила демонстрантите да влезат во зградата на парламентот со солзавец, јавуваат и руските и грузиските медиуми.

Поголемиот дел од Абхазија се одвои од Грузија во судирите кои завршија во 1993, а контролата над остатокот од територијата Грузија го изгуби во кратката војна со Русија во 2008. Русија тогаш ја призна независноста на Абхазија, но повеќето од 245.000 жители сметаат дека станува збор за марионетска држава на Москва. Најголемиот дел од светот ја смета Абхазија за дел од Грузија.

Договорот, кој требаше денес да биде ратификуван, во октомври го потпишаа министрите за економија на Русија и Абхазија, Максим Решетников и Кристина Озган.

Опозицијата во Абхазија тврди дека договорот со Москва, кој би овозможил инвестициски проекти на руски компании, фактички би го избркал локалното население од пазарот на недвижности со тоа што би овозможил прилив на големи количества на руски пари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ