недела, 7 јули 2024

Струшки Водовод нема хлор, водата во Радожда е забранета за пиење

Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти Јавното претпријатие (ЈП) Водовод и канализација Струга.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува Водовод и канализација Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците.

„Првичните резултати од микробиолошката анализа од земените примероци утрово од две места од водоводот во селото се очекуваат во наредните два дена“, изјави Точков за МИА.

ЈП  Водовод и канализација Струга апелира до населението да не ја користи водата за пиење до следното известување, посочувајќи дека преземаат мерки за нормализирање на состојбата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ