сабота, 16 ноември 2024

Струмичките советници незаконски им простиле давачки на МПЦ-ОА и на ИВЗ

Советот на Општина Струмица донел одлуки со кои Македонската црква-Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) Струмица и на Исламската верска заедица (ИВЗ) ги ослободил од плаќање на надоместок за утврдување на правен статус на бесправни објекти (цркви и џамии) што не е во согласност со Законот за постапување со бесправно изградени објекти кој предвидува за кои бесправни објекти од значење за републиката не се пресметува и не се плаќа надоместок, утврдил Државниот завод за ревизија (ДЗР) во Извештајот за финансиското работење на општината за 2022 година, објевен денеска. ДЗР уште забележува дека Општина Струмица нетранспарентно доделувала пари во областа на спортот, културата, поддршката на здруженија на граѓани и фондации и на локалниот економски развој. Заводот констатирал и слабости во начинот на комуникација со јавноста и претставување на активностите на општината и слабости во начинот на ангажирање на лица преку приватни агенции за вработување.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува ДЗР во Извештајот, со ваквото постапување од страна на Советот на општината, ставени се во повластена положба верските субјекти во однос на останатите подносители на барања за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти што не е во согласност со Уставот каде е пропишано дека верските заедници се одвоени од државата и се еднакви пред законот.

„Ова има за ефект помалку остварени приходи во Буџетот на општината. Затоа препорачуваме Советот на Општина Струмица ослободувањето од плаќање на надоместокот за бесправно изградени објекти да го врши само за објектите предвидени со Законот за постапување со бесправно изградени објекти“, велат од ДЗР. 

Освен ова ДЗР утврдил и неправилности во наплатата на комуналната и на туристичката такса како и наплатата на данок на имот. 

Обрнуваме внимание дека Општина Струмица во 2022 година е тужена странка во 48 предмети каде вкупната вредност на тужените барања изнесува 8 милиони и 860 илјади денари и тоа по основ на надомест на штета од каснување на куче и пад во отворена шахта, неостварени права по Законот за работни односи, договори за отуѓување на градежно неизградено земјиште и враќање на експроприран имот. Бидејќи станува збор за судски постапки што се водат пред надлежните судови, а до денот на ревизијата конечниот исход не е познат, постои неизвесност за финансиските импликации врз буџетот на општината“, велат од ДЗР.

ДЗР уште забележува дека Општина Струмица нетранспарентно доделувала пари во областа на спортот, културата, поддршката на здруженија на граѓани и фондации и на локалниот економски развој.

Заводот констатирал и слабости во начинот на комуникација со јавноста и претставување на активностите на општината и слабости во начинот на ангажирање на лица преку приватни агенции за вработување.

Ревизијата извршила проверка и на спроведувањето на препораките дадени во Конечниот извештај на овластениот државен ревизор за 2015 година на и утврдила дека од дадените седум препораки, три се спроведени, две препораки не се спроведени, една е во тек на спроведување и една препорака е делумно спроведена.

Оттаму нагласуваат дека поради ова ревизијата смета дека е потребно да се изврши измена и дополнување на повеќе законски решенија во функција на надминување на наведените слабости.

Од ДЗР посочуваат дека градоначалникот на Општина Струмица не поднел забелешки на ваквиот извештај. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ