четврток, 5 декември 2024

Столтенберг: Украина да се согласи на привремени отстапки на територија на Русија

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази уверување дека привременото отстапување територии на Русија ќе биде опција за брз крај на украинската војна.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа покажува дека сите сакаме крај на војната“, нагласи Столтенберг.

„Ако прекинот на огнот значи дека Русија продолжува да ги контролира сите окупирани територии, тоа не значи дека Украина мора засекогаш да се откаже од нив“, рече идниот претседавач на Минхенската безбедносна конференција (МСЦ) во интервју за Тејбл медија.

Столтенберг рече и дека е важно владата во Киев да добие безбедносни гаранции во замена за привремени територијални отстапки.

Според него, тоа би можело да биде членство во Алијансата, но има и други начини за вооружување и поддршка на Украинците.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ