вторник, 1 октомври 2024

Столтенберг: Реториката на Путин не би требало да ги одврати членките на НАТО од поголема воена помош на Украина

Заканувачката реторика на рускиот претседател Владимир Путин со нуклеарно оружје не би требало да ги одврати членките на НАТО од поголема воена помош на Украина, изјави денес генералниот секретар на западниот воен пакт во заминување Јенс Столтенберг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој со ова ја искоментира минатонеделната изјава на Путин дека Русија може да употреби нуклеарно оружје доколку Украина нападне со ракети длабоко во нејзината територија.

„Тоа е шаблонот на безобѕирната руска нуклеарна реторика и испраќање порака, и ова се вклопува во тој шаблон. Секогаш кога ја јакневме нашата поддршка со нови видови оружје, со борбени тенкови или Ф-16, Русите се обидуваа да нè спречат“, кажа Столтенберг.

Западните земји размислуваат дали да му дозволат на Киев ракетите кои ги доставуваат да ги користи за напад на руска територија. Столтенберг, коментирајќи го прашањето дали тоа би го сменило текот на војната, кажа дека ништо во моментов не може да ја смени целосната состојба на бојното поле, но дека напади на Русија би направиле разлика на поширок план. Во спротивно, според него, Русија нема да почитува никакви исцртани граници кои се меѓународно признати.

Истакна дека до сега тоа не им успеало и дека ни овој обид не би требало да ги спречи НАТО сојузниците да ја поддржат Украина.

Тој кажа дека НАТО не забележал никаква промена во нуклеарната програма на Русија „која би барала какви било промени од наша страна“.

Поранешниот премиер на Норвешка кажа дека најголем ризик за НАТО претставува победа на Русија во Украина.

„Пораката тогаш би била дека кога користи оружена сила, но и кога им се заканува на НАТО сојузниците, добива сè што сака и тоа ќе нè направи сите нас ранливи“, кажа Столтенберг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ