вторник, 8 октомври 2024

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски во видео порака на социјалните мрежи вечерва најави дека утре ќе се реализира ветувањето за зголемување на пензиите.

Објавено на

часот

Сподели

„Ја користам  оваа прилика да ви честитам повисоки пензии што ќе почнат да се исплаќаат од утре. Тоа што го ветувавме во кампањата за повисоки пензии, за линеарно зголемување на пензиите, станува реалност. Од утре пензионерите во Македонија ќе имате поголеми пензии. Вие тоа го заслуживте макотрпно работејќи во вашиот животен век. Сега  е периодот кога треба да уживате. Оваа Влада останува 100 проценти посветена да испорачува тоа што беше наше ветување за време а предизборната кампања“, вели Мицкоски во видеото објавено на неговиот фејсбук-профил.

Тој го најави и утрешниот отчет за работата на Владата во првите 100 дена, занаправеното во изминатиот период и за она што ќе се направи во следниот период.

Пензиите од утре ќе се исплаќаат со покачување од 2.500 денари, а за тој износ ќе се зголемат и во март следната година, како дел од ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за линеарно зголемување од 5.000 денари на пензионерските примања.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ