На почетокот на редовната собраниска седница, пратениците на опозицијата ги изнеле столиците од собраниската сала и ги запалиле на скалите на зградата.
Припадниците на безбедносната служба брзо го изгасиле пожарот.
For the first time in #Albania‘s history, opposition MPs have burned their #Parliament chairs. they oppose the government of Prime Minister #EdiRama and demand a technical government.#Tirana #Albania pic.twitter.com/tAu84HVoYd
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) September 30, 2024
Апелацискиот суд на Албанија во петокот ја потврди пресудата на понискиот суд со која Ервин Салијањи, член на опозициската Демократска партија, е осуден на една година затвор.
Понискиот суд го прогласи Салијањи за виновен за „лажна пријава“ против поранешен министер за внатрешни работи. Салијањи ја негираше вината и кажа дека судењето е политички мотивирано.
Претходно месецов, лидерот на Демократската партија Саљи Бериша, кој е во домашен притвор од декември, беше обвинет за корупција за дејства кои ги презел додека бил премиер од 2005 до 2013 година. Бериша исто така ја негира вината.
Демократската партија на Албанија повика на голем протест во главниот град Тирана на 7 октомври.