вторник, 15 октомври 2024

Споменикот на четничкиот водач Дража Михаиловиќ ќе биде поставен во белградскиот парк Теразиска тераса

Градоначалникот на Белград Александар Шапиќ изјави дека предложил споменикот на командантот на српското четничко движење од Втората светска војна Драгољуб Дража Михаиловиќ да се подигне во паркот Теразиска тераса поради тоа што тој парк допрва ќе се средува и бидејќи смета дека е примерен за таков споменик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мислам дека тоа е убаво место, примерно. Тој парк не е уреден како што треба да биде уреден парк во центарот на градот. Мислам дека тоа е место (за споменикот) кое му доликува, а не загрозува никого. Не постои некоја друга причина“, им кажа Шапиќ на новинарите на отворањето на новата автобуска станица во Белград.

Михаиловиќ властите на Федеративна Народна Република Југославија го стрелале на 17 јули 1946 година.

Михаиловиќ два дена претходно Врховниот суд на ФНРЈ го осудил на смрт со стрелање, трајно губење на политичките и граѓанските права и одземање на целокупниот имот, поради предавство, соработка со окупаторот и бројни воени злосторства кои во Втората светска војна ги извршиле четниците со кои командувал.

Михаиловиќ е стрелан во околината на Белград, а неговиот гроб до денес не е официјално познат.

Вишиот суд во Белград го рехабилитираше на 14 мај 215 година.

Шапиќ на 16 септември најави дека ќе поднесе иницијатива за изградба на споменик на Михаиловиќ во центарот на Белград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ