На конференцијата се обработуваа теми, проекти за постигнување на целите за одржлив развој (sustainable development goals) дефинирани од Обединетите нации. Членот на УО на ШФМ Зоран Стојчевски го презентираше проектот „Шах во школи“ имплементиран во Македонија, започнат од 2022 година, како пример за применување на добрите практики и иницијативи за постигнување на овие цели. Половата еднаквост, социјална кохезија, социјална интеграција, борба против сите видови на дискриминација и зависности и пред се развој на младите личности се клучните придобивки од овој проект.
На конференцијата учествуваа повеќе од 100 учесници со свои предавања и проекти од целиот свет.
„Со овој настан Македонија покажува пример за почитување на основните човекови вредности и се издигнува меѓу земјите со висока традиција во овој сегмент“, соопштија од Шаховската федерација на Македониа.