понеделник, 7 октомври 2024

Ердоган: Генералното собрание на ОН да препорача употреба на сила против Израел

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Генералното собрание на Обединетите нации би требало да препорача употреба на сила, во согласност со резолуцијата од 15 година, ако Советот за безбедност на ОН не успее да ги сопре нападите на Израел во Газа и Либан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Генералното собрание на Обединетите нации треба брзо да препорача употреба на сила, како што тоа го направи со резолуцијата за Обединување за мир од 15 година, ако Советот за безбедност не може да ја искаже потребната волја“, кажа Ердоган по состанокот на кабинетот во Анкара, пренесува Ројтерс.

Тој ги повика сите муслимански земји да преземат економски, дипломатски и политички чекори за да го притиснат Израел да прифати прекин на огнот и додаде дека израелските напади ќе бидат насочени против сите нив ако наскоро не прекинат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ