Инцидентот се случи на стартот од второто полувреме, кога еден играч на домаќините незгодно паднал на тревата по еден обид да ја исфрли топката со глава.
Судијата Дарко Радески забележа дека станува збор за опасна ситуација, па веднаш дотрча до играчот, го стави на страна и му го извади јазикот за да спречи гушење.
„Фала му на Господ што навремено забележав дека фудбалерот ја игуби свеста и што бев во негова близина за да му помогнам“, изјави Радески за Мнет телевизија.