петок, 15 ноември 2024
Изјава на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Доставивме во обвинителството докази за „канцер мафијата“ за случајот Онкологија

Објавено на

часот

Сподели

„Јасно е дека зад ваквото однесување стои политичка одлука, СДС веднаш застана зад ‘канцер мафијата’ по објавувањето на документите доставени од укажувач во ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа се гледа и од односот со и кон работата на комисијата во Собранието посветена на случајот ‘диво месо’, ‘канцер мафија’ на Онкологија.

Денеска до Основното јавно обвинителство предадовме документи доставени од укажувач коишто посочуваат: 

1. Дека и покрај скапите договори, не била доставувана навремено терапијата  за болните кои што се третирале на Клиниката, никој не ги предупредил оние кои што требаа да ја испорачаат и никој за тоа не одговарал, односно за работата на омилената фармацевтска куќа на власта.

2. Доставивме докази дека се создавале можеби фиктивни вишоци на лекови и терапии, тие биле нарачувани, а пациентите сепак не ги добивале.

3. Докази дека никој не водел евиденција каде и како завршувал вишокот од секоја отворена вијала, пакување, со што постојат сомнежи дека вишокот завршувал надвор од болницата. 

4. Дополнително терапијата била давана на пациенти во торбички на пациенти за да се искористат во приватни установи, а била наплаќана услуга како да била аплицирана во Универзитетската клиника!

Очекуваме дека сепак кај Јавното обвинителство ќе проработи човечноста и спротивно на поддршката од власта за ‘канцер мафијата’, ќе отпочнат со сериозност кон случајот ‘диво месо’ на Онкологија. Се работи за ‘канцер мафија’, ‘диво месо’ кое што го уништува здравствениот систем на сметка на животите на пациентите’, рече портпаролот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ