сабота, 6 јули 2024

Стефана и Даријан се годинашните младенци на Галичката свадба

Шеесет и првото издание на Галичка свадба ќе се одржи следниот викенд, од 12 до 14 јули. Овогодишни младенци се невестата Стефана Димитрова и зетот Даријан Кочоски.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Како што објавија од Месната заедница (МЗ) Галичник, двојката ги исполнува сите потребни услови за учество на Галичката свадба.

„Со голема радост ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2024 што годинава ќе се одржи од 12 до 14 јули, советот на МЗ Галичник ја избра среќната двојка. Овогодишна невеста е Стефана Димитрова, со потекло од галичките фамилии Чаловски и Веноски, долгогодишна учесничка на галичка свадба, додека зетот е Даријан Кочоски. Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, в година на крштевка! За многу години да им е љубовта и среќата!“, се вели во објавата на фејсбук на МЗ Галичник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ