вторник, 2 јули 2024

Со правилна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците, тврди Трипуновски

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска бил во работна посета на Овчеполието каде што направил увид во количините на вода во системот за наводнување Брегалница.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да информирам дека од системот за наводнување Брегалница во општините Свети Николе и Лозово процентуално со вода покриени се 90 отсто од земјоделските површини во Црнилиште, 90 отсто во Аџиматово, 100 отсто во Делисинци, 90 отсто во Сарамзалино и скоро 100 проценти од површините во Лозово. Наскоро очекувам сите овие места да бидат 100 отсто покриени со вода за наводнување“, објави Трипуновски и на неговиот фејсбук профил.

Трипуновски потенцираше дека со правилна и сериозна работа може да се испорача вода за наводнување до земјоделците и покрај катастрофалната состојба на системите за наводнување. Тој, најави дека во наредните неколку дена вода за наводнување на земјоделските површини ќе има и во останатите места во Овчеполието.

„Во претходните години водата пристигала на крајот од сезоната кога воопшто не е потребно да се наводнува, а сега имаме вода на самиот почеток кога е и најпотребна. Ние вистински се грижиме за македонските земјоделци“, порача Трипуновски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ