„Претходната влада се обиде проба тоа да го направи без ВМРО-ДПМНЕ и знаеме како тоа заврши. Затоа, дополнително во новата Влада имаме за задача дека ова мора да е поинклузивен процес. Добро е тоа што нема,е дилеми за зачленувањето на земјата во ЕУ и евроатлантскиот пат. Тоа што забавува е протоколот којшто извира од преговарачката рамка. Секако дека во блиски преговори и разговори со ЕУ и со Владата ќе видиме кое е најдоброто решение без притоа да создаваме проблеми на патот кон евроинтеграцијата“, рече Муртезани.
За средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот рече дека многу внимателно се слушаат пораките од ЕУ.
„Република Северна Македонија останува посветена на евроатланската агенда, а тоа го докажува и владината програма. Многу внимателно ги слушаме препораките и предлозите на нашите стратегиски пријатели“, рече Муртезани.