сабота, 16 ноември 2024
Вицепремиерката по средбите во Атина

Со идеи за соработка од Грција се врати Грковска и најави средби со антикорупциските институции

Со повеќе идеи за соработка со Грција по тридневната посета оттаму се врати вицепремиерката Славица Грковска која по разговорите со грчкиот министер за дигитализација и правда најави дека во Македонија ќе има средби со домашните антикорупциски институции со цел да се оствари соработка со јужниот сосед кој на планот на борбата со корупцијата може да понуди добри искуства на тој план и на планот на примената европското законодавство. „Тоа што мене ме воодушеви е дека веќе имаат две пресуди, две обвиненија против министри кои се обиделе да вршат политички влијанија на судството и тоа е прилично интересен механизам за начинот на кој се процесуирале таквите случаи. Има многу работи коишто можеме  да ги научиме“, посочи вицепремиерката.

Објавено на

часот

Сподели

Во интервју за МИА Грковска вели дека постои отворена покана за изнаоѓање заеднички начин, односно „кој би бил најдобриот начин за соработка“ и истакна дека за нас уште поважно е тоа што Грција, како наш сосед кој многу одамна е дел од Европската Унија веќе ги има поминато сите фази на реформи и „се добро организирани и уиграни за прилагодување на европското законодавство“, со што би ни помогнала „побрзо да ги премостиме и да ги прескокнеме предизвиците кои ги имала Грција и другите земји“.

„На сите средби рековме дека ова во суштина е почеток или отворањето на вратата за поинтензивна соработка, ќе останеме во контакт, кога ќе се вратам ќе имам средба со антикорупциските институции за да може со секоја од нив, со оглед на тоа дека ние сме задолжени за координација, да детектираме можни области за соработка, да ги ставиме на хартија и потоа понатаму да продолжиме да бараме кој ќе биде најдобриот модел за остварување на таа соработка“, вели вицепремиерката.

Грковски откри дека министерот за правда на Грција предложил формирање заеднички комисии.

„Одлични средби, одлична размена на искуства и сум презадоволна што има интерес и ми беше понудена соработка буквално од страна на сите. Отворени се и за заеднички проекти и за формирање на заеднички комисии кои што би работеле на одредени прашања како за дигитализација на процесите, така и за антикорупциски политики и соработка на институции кои што се во синџирот институции важни за борбата против корупцијата и организиран криминал“, вели Грковска.

Таа додава дека е интересно и искуството за дигитализација на личната карта на што и Македонија подолг период работи.

„Во моментов сме насочени е воведувањето на електронска лична карта и која паралелно ќе оди со софтверско решение, кое ќе функционира како читач и истовремено воведување на т.н. „wallet“, односно паричник“, рече вицепремиерката .

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ