четврток, 5 декември 2024

Со ДНК потврдено дека од Дунав е извлечено телото на Хрватот кој исчезна во Белград

Објавено на

часот

Сподели

ДНК материјалот потребен за идентификација бил земен веднаш по извлекувањето на телото на момчето од Дунав во Белград. Материјалот бил спореден со ДНК на Ненад Периш, таткото на Матеј Периш кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември 2021 година.

На српскиот Институт за судска медицина ќе бидат направени и токсиколошки анализи, но на тие резултати би можело да се чека со недели.

Во Белград претходно пристигнаа претставници на загрепската полиција кои со српските колеги разменија оперативни податоци од истрагата.

По Матеј Периш се трагаше од последниот ден минатата година, а познавачите на Дунав раскажале дека е можно телото дури сега да испливало поради повисоките температури, а во Белград дувал и силен ветер. Тие претпоставуваат дека телото се закачило под еден од мостовите и затоа нуркачите не можеле да го најдат бидејќи во тие услови можат да ја пребаруваат реката само на допир.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ