сабота, 16 ноември 2024

Службата од институцијата Народен правобранител се крена на протест, бараат достојни услови за работа

Со мирен протест пред своите канцеларии, за како што кажаа, да не трпат граѓаните, вработените во институцијата Народниот правобранител денеска ги испорачаа барањата до Собранието, институција што го избира народниот правобранител и на кого оваа институција му одговора. Побараа финансиска независност во користењето на буџетските пари за вработување на потребните кадри, мотивација за работа на работниците и итно донесување на Законот за Народен правобранител. 

Објавено на

часот

Сподели

Државниот советник во Народниот правобранител, Марјан Поњавиќ воедно и претседател на синдикатот на оваа институција, рече дека тоа го препорачува и Извштајот на Европската комисија.

„Наведуваме дека е потребно, да се обезбедат посебни средства со буџетот со кои ќе се финансира работата на Народниот правобранител и на одделот за внатрешна контрола, активности кои со години повремено се финансираат со проекти финансирани од странски партнери. И секако, не помалку значајно, без одлагање да се зголемат платите на вработените во Народниот правобранител, затоа што нашите месечни примања во моментот многу заостановаат зад платите на останатите независни и регулаторни тела, како и на вработените во администрацијата воопшто. Во контекст на ова наше барање ве информираме дека при основањето на Народниот правобранител во 1998 година, платите на стручната служба биле со еднаков коефициент на ранг на судиите на основен суд, што значи дека државата во минатото имала повеќе сенс за значењето на оваа институција како заштитник на правата на граѓаните“, рече Поњавиќ. 

Собранието и пратениците се повикани веднаш да спроведат постапка за измена и дополнување на Законот за народен правобранител со вградување на денеска искажаните барања.

Претседателот на синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски рече дека вработените во Народниот правобранител не може да бидат врзани со Законот за административни службеници.

„Службата во Народниот правобранител е специфична затоа што работи по претставки на граѓаните и ги штити нивните права. Одлуките се користат во судски постапки и не е логично вработените во оваа институција да бидат врзани со Законот за јавна администрација. Со години го чекаме законот за оваа служба. И не треба да чуди што во минатото платите на вработените во Народниот правобранител биле во рангот на судиите“, рече Деаноски.

Тој информираше дека за петок е закажан протестот на Независниот синдикат на судската полиција на која се повикани и сите други синдикати, членови на УПОЗ.

Поњавиќ пак кажа дека би требало да му се приклчучат на протестот во петок но сепак за тоа треба да одлучи членството дополнително.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ