вторник, 2 јули 2024

Словачки министер: Премиерот Фицо набрзо ќе се врати на работа

Словачкиот премиер Роберт Фицо набрзо ќе се врати на работа, по атентатот во мај, кажа денес министерот за одбрана на таа земја Роберт Калињак.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Фицо наскоро ќе биде во состојба да ја врши својата работа, а учествуваше и во подготовките за самитот на Европската Унија“, додаде Калињак.

Истакна дека, сепак, „не оди сè по планот“, бидејќи словачкиот премиер по атентатот има нарушување на мускулно-коскениот систем, пренесува словачкиот портал Актуалити.

Фицо во следните неколку дена ќе ѝ се обрати на јавноста, но не е познато дали тоа ќе биде лично или преку социјалните мрежи, кажа словачкиот министер за одбрана.

Атентатот на Роберт Фицо беше извршен на 15 мај, а 71-годишниот напаѓач Јурај Цинтула подоцна при испрашувањето кажа дека мотивот било несогласување со политиката на премиерот, како и дека не сакал да го убие, туку само „да му наштети на неговото здравје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ